„Ла Република“ открива: Што му кажал Пеп на Роналдо и го расипал трансферот во Сити?

1159

Роналдо вчера сензационално се врати во Манчестер Јунајтед, а трансферот од Јувентус беше договорен само неколку часа откако Манчестер Сити се повлече од преговорите.

„Манчестер Ивнинг Стандард“ вчера објави дека можеби клучот за трансферот е телефонскиот повик од Сер Алекс Фергусон до Роналдо во петокот наутро, но денеска италијанската „Ла Република“, пак, носи информации за уште еден телефонски разговор, кој можеби го реши трансферот на „Олд Трафорд“.

Според весникот, станува збор за разговор меѓу Роналдо и Пеп Гвардиола.

Италијанскиот весник пишува дека тренерот на Сити му рекол на Португалецот: „Ако можеш да дојдеш, ќе се обидеме да живееме заедно, но не можам да ти гарантирам ништо“.

Роналдо во овие зборови на Гвардиола не забележал никаков ентузијазам и затоа решил да ја прекине конекцијата.

ПретходноНов срам за „топчиите“: Шампионот го „петардираше“ Арсенал (ВИДЕО)
СледноМечот во Тетово ќе доцни половина час поради проблем со автобусот на Работнички!