Лука Здравковски потпиша за Егалео

1627

Македонскиот младински репрезентативец и интернационалец Лука Здравковски е нов член на Грчкиот тим на Егалео. Играчот за врска вчера и официјално беше претставен во новиот клуб, и во периодот кој следува ќе проба да се докаже во силната Грчка второлигашка конкуренција.

Во Грција сезонава се создадени две втори лиги, од по 16 екипи во кои ќе имаат шанса да заиграат доста млади играчи. Клубовите ќе имаат сериозна задача затоа што дури осум од нив на крајот од годината ќе заминат во понизок ранг, па конкуренцијата ќе биде жестока.

Што се однесува до Здравковски, тој досега беше дел од екипата на Ком во Црна Гора, а беше на списокот на сега веќе екс селекторот Благоја Милевски до 21. година за тренинг кампот одржан на стартот на летото.

 

ПретходноСисоко од Тотенхем се пресели во Вотфорд
СледноРоналдо нема да ја носи седмицата во Јунајтед