Нов проблем за Цапар: Амел Рустемовски отпаѓа поради повреда

200

Амел Рустемовски од швајцарски Вил, сепак, ќе мора да почека за деби во дресот на македонската млада репрезентација до 21 година. Иако се најде на списокот на селекторот Канатларовски и со нетрпение го чекаше дебито на официјален меч за Македонија, Рустемовски се повреди на последниот настап за својот тим.

Според информациите Амел се здобил со повреда на главата и нема да може да му се стави на располагањ ена селекторот за првиот меч со Франција во новиот квалификациски циклус. Останува отворено прашањето дали ќе може да заигра против Србија на 7 септември во Охрид.

ПретходноПЦР тестовите негативни: Одбојкарите попладнево комплетни заминуваат на ЕП во Финска
СледноНов срам за „топчиите“: Шампионот го „петардираше“ Арсенал (ВИДЕО)