Покетино потврди: Меси утре ќе дебитира

170

Лионел Меси пред неколку недели дојде во ПСЖ, но се уште нема дебитирано за францускиот тим. Моментот кој сите го очекуваат ќе се случи утре против Ремс.

ПСЖ се уште ја нема објавено листата на играчи на кои Покетино ќе смета, но се очекува на истата покрај Меси, да се најде Килијан Мбапе кој се поврзува со Реал Мадрид. Се верува доколку не се најде во составот ќе го напушти Париз, доколку се најде тогаш ќе остане.

Во меѓувреме Покетино нагласи колку е важен Мбапе и дека не сака тој да си замине.

Дуелот со Ремс се игра утре во 20:45 часот, секако ќе привлече големо внимание отис за првпат во дресот на ПСЖ ќе истрча Лионел Меси.

ПретходноПМФЛ: Шкендија се спаси во Битола, трилер победа на Брегалница, Шкупи го “наполни“ Скопје!
СледноВо Тетово по бод за Ренова и Работнички!