А причината за тоа е едноставна. Таа во моментов е сопственост на Едисон Кавани, шампионатот во Премиер лигата одамна започна и правилата се и тоа како строги, а исттие велат. Никој никогаш, ниту пак ќе му биде дозволено на сред сезона да го менува бројот на дресот.
Па таков ќе биде и случајот со Кристијано Роналдо кој по повеќе од една деценија повторно ќе го облече дресот на тимот од Олд Трафорд. Но, истиот нема да биде со бројот седум на грбот, туку Роналдо ќе мора да одбере некој од преостанатите слободни, а тоа се 12, 15, 28 и 30.
Седмицата во тимот на Јунајтед има култен статус, Кристијано Роналдо ја носеше во првиот негов мандат на Олд Трафорд, но сега нештата се поинаку поставени.