Управниот одбор на РФМ на својата седница донесе едногласна одлука, да ја продолжи соработката со селекторот на женскиот национален тим, Љубомир Савевски, кој со кадетките го освои ЕХФ шампионатот.
„Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 27.08.2021 година донесе Одлука за именување на досегашниот Координатор на женски национални селекции г-дин Љубомир Савевски за Селектор и Координатор на националните селекции во женска конкуренција.
Г-динот Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во време период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата U-17 кое се одржуваше во Литванија,освојувајќи го првото место.
Г-динот Љубомир Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е именуван ќе ја извршува за период од две години“ – се вели во соопштението на РФМ.