Раководството на Формула 1 денеска го претстави ажурираниот календар за сезоната 2021 година, составен од 22 трки. Важна промена во календарот беше одложувањето на ГН на Турција за една недела. Место на 3 октомври, трката во Истанбул ќе се одржи на 10 октомври. Големата награда на САД во Остин, како што беше планирано, ќе се одржи од 22 до 24 октомври, а трките во Мексико и Бразил, поради одложувањето на онаа во Турција исто така се пролонгирани за една недела.
Мексиканското ГП ќе се одржи на 7 ноември, додека Бразилското ГП на 14 ноември. Во календарот има трка закажана за 21 ноември, но се уште не е јасно кој ќе беде организаторот на ова ГП.