Вилијан раскина со Арсенал и се враќа во Бразил

294

ФОТО: Twitter

Бразилскиот офанзивец Вилијан го раскина договорот со Арсенал и веќе има нов клуб. Иако имаше уште две години од актуелниот договор со „топџиите“, тој одлучи да си замине од „Емирати“ за да се врати во Бразил.

Вилијан се откажа од 240.000 фунти неделна плата во Арсенал, а ќе потпише договор со Коринтијанс за 70% помала плата. Со тоа му овозможи на Арсенал да ги среди финансиите и да инвестира во друг фудбалер.

Вилијан има 33 години и се враќа таму каде што ја започна кариерата. За Коринтијанс играше во младинските категории, па една сезона за А тимот и потоа отиде во Европа, прво во Шахтјор, потоа во Анжи, па Челзи и во 2020 година потпиша за Арсенал. Сега се враќа во седумкратниот бразилски шампион.

 

ПретходноСЕРИЈА А: Пандев го чека Елмас во дербито на денот
СледноЖФК Љуботен го објави големиот трансфер – Бразилката Лулу