Екипата на Динамо Загреб за која цели деведесет минути одигра Стефан Ристовски предмалку на гостувањето кај Осијек, забележа рутинска победа од 0:2.
Овој меч се играше со предзнакот дерби но Динамо реално си ја покажа силата, ги искористи шансите и не дозволи никакво изненадување.
На клупата за резеви кај Динамо остана Аријан Адеми кој сеуште не е подготвен да ја преземе улогата која нормално ја има во „модриот“ дрес.