Не се случи чудо: Е.Пелистер поразен и во Брест, Мешков патува во Задар

251

Е.Пелистер не успеа да приреди чудо во Брест. Македонскиот тим е поразен и на втората четвртфинална пресметка, овој пат со (35-31), а Мешков е нов патник на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, која ќе се одржи во Задар.

Микита Ваилупау беше кобен за одбраната на Жељко Бабиќ, постигна 11 гола од исто толку обиди. На другата страна Обрадовиќ и Мандалиниќ имаа по пет погодоци.

Ракометарите на Е.Пелистер добро го почнаа мечот, се држеа до 10. минута (5-5), по која домаќинот со серија од 5-0 поведе со 10-5. Најголемата позитива на Мешков во овој период изнесуваше осум гола (16-8), на одморот беше 18-14.

Избраниците на Жељко Бабиќ дојдоа на минус два (19-17 и 20-18), на другата страна Мешков не дозволуваше овој дуел да влезе во неизвесна завршница, искусно го одржуваше водството за победа и на домашен терен.

ПретходноЗборуваше против вакцините па го исфрлија од УС Опен
СледноДиректорот на Борусија (Д) за понудата на ПСЖ: Ние не сме банка!