Вчера на “Борис Трајковски“, Шкупи во скопската пресметка против Скопје победи со 4:1. Сепак овој натпревар имал свое “трето полувреме“. Имено поради навреда кон службените лица, исклучување заработиле тренерот на гостите, Љупчо Марковски и фудбалерот Дино Најдоски.
Претходно, во самиот финиш на мечот, исклучување заработил и претставникот на гостинската екипа, Игор Тодоровски.
Навистина било „жешко“ на Маџари, посебно по завршување на скопското дерби. Допрва ќе се знае каква санкции ќе сносат лицата кои добиле исклучување.