Германскиот шампион Баерн Минхен го засили средниот ред со австрискиот репрезентативец Марсел Забицер кој доаѓа од редовите на РБ Лајпциг, пренесува „Билд“. Најпопуларниот германски спортски весник информира дека „Баварците“ ќе платат 16 милиони евра за овој фудбалер.
Тој е вториот фудбалер на Лајпциг кој прави трансфер во минхенскиот гигант ова лето. Пред него дефанзивниот ред на Баерн го засили Дајот Упамекано. Нови фудбалери на Баерн се уште Омар Ричардс од Рединг и искусниот голман Свен Улрих од Хамбургер кои дојдоа како слободни играчи.
Да потсетиме клубот го напуштија Давид Алаба, Хави Мартинез, Џером Боатенг, а Нубел, Зиркзе отидоа на позајмици во Монако односно Андерлехт.