ВМФЛ-ЗАПАД: Силекс и Вардар некогаш “дрмаа“ во мак-фудбалот, денеска играат дерби во втора лига!

396

Пред повеќе од две децении Силекс и Вардар просто “дрмаа“ во мак – фудбалот. Заедно имаат 14 титули шампион на Македонија, а денеска, ете, ќе играат дерби во ВМФЛ – ЗАПАД, и тоа во Кратово и тоа во меч од 2.коло.

Силекс беше убедлив на стартот, Вардар со младинци извлече бод во Дебар, но затоа во Кратово ќе игра во комплетен состав. Тренерот на вардарци Горан Симов, до пред два месеци седеше на клупата на Силекс, во мај го освои и Купот на Македонија, но неговиот наследник Горазд Михаилов го водеше тимот во Европа.

Во секој случај ќе биде супер – интересно, и двете екипи го сакаат тоа прво место, директно враќање во елитата, па затоа секој гол, секој бод е многу значаен.

Силекс и Вардар го сакаат тоа прво место, но за тоа се прашува и Воска Спорт која уште во првото коло, на гости кај Гостивар, покажа дека има намера и тоа како да се бори сезонава за највисок пласман. Денеска момците на стратегот Раде Цицмиловиќ на свој терен го дочекуваат Кораби и посакуваат нова победа.

На останатите мечеви се среќаваат Велешта – Гостивар, Беса – Тетекс и Кадино – Охрид.

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА 16:00 Ч

СИЛЕКС – ВАРДАР

ВОСКА СПОРТ – КОРАБИ

ВЕЛЕШТА – ГОСТИВАР

БЕСА – ТЕТЕКС

КАДИНО – ОХРИД

ПретходноНов трофеј за Кирил Лазаров и Нант
СледноИбрахимовиќ со мајсторски гол го најави кам-бекот (ВИДЕО)