Попладнево од 16 часот на програмата се закажани сите пет натпревари од 2.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Речиси сите мечеви привлекуваат внимание, но еден се издвојува. А тоа е оној во Штип, каде Кит Го како домаќин ќе го дочека тимот на Детонит. Интересно е и тоа што по три години на клупата на пехчевци одново ќе седне Трајче Сенев, кој го наследи Емил Грнев.
Беласица му гостува на тимот на Братство, во меч кој е голем фаворит. Победа ќе игра со Кожуф во Гевгелија. Слога Виница игра дома со Осогово, и Каменица Саса на свој терен ја дочекува екипата на ТИМ Локомотива.
ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА 16:00 Ч
БРАТСТВО – БЕЛАСИЦА
КИТ ГО -ДЕТОНИТ
КОЖУФ – ПОБЕДА
КАМЕНИЦА САСА – ТИМ ЛОКОМОТИВА
СЛОГА (В) – ОСОГОВО