Во длабока сенка на враќањето на Кристијано Роналдо, и за тоа кој број на дресот ќе го носи Португалецот, попладнево Манчестер Јунајтед во меч од 3.коло сезонава во Премиер -лигата гостуваше кај Вулверхемптон. И успеа да победи, но само со 1:0, и тоа со голот на Гринвуд во 80.минута. Асистент беше Варан, но сепак гостите малку почекаа со радувањето зошто “работеше“ и ВАР – системот, кој потврди дека голот на Јунајтед е регуларен.
Па така ова беше втора победа на Јунајтед сезонава во третиот меч со што сега имаат седум бодови, со оглед на тоа дека имаат и едно реми.
Треба да се каже дека домашните имаа барем два зицера, но сепак среќата беше на страната на гостите.