Депај “тресеше“ за победа на Барса!

177

Трет меч за Барселона сезонава во Ла Лига и втора победа, и тоа против составот на Хетафе попладнево со 2:1. Па така сега со 7 бодови каталонците се наоѓаат на делба на првото место на табелата, но сепак треба вечерва Атлетико Мадрид да го одигра својот натшревар.

Барса не брилијараше, но сепак победи и тоа благодарение на голот на Мемфис Депај во 30.минута при резултат 1:1.

Каталонците поведоа доста рано, уште во 2.минута со голот на Серхио Роберто. Но гостите израмнија преку Рамирез во 19.минута, сепак како што веќе посочивме Депај и донесе триумф на Барса.

ПретходноЧолаковски: Среќен сум што сум дел од Македонија
СледноРистовска одлична на стартот на сезоната