Директорот на Борусија (Д) за понудата на ПСЖ: Ние не сме банка!

1338

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, ги коментираше информациите според кои ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за напаѓачот на тимот на Ерлинг Халанд.

„Ние сме фудбалски клуб, а не банка. Нашата позиција за Халанд е јасна и не се променил“, изјавил Цорк за Скај Спорт Германија.

Претходно беше објавено дека Халанд одбил да се пресели во ПСЖ иако францускиот клуб во него гледа можна замена за Килијан Мбапе, кој е блиску до преселба во Реал Мадрид.

ПретходноНе се случи чудо: Е.Пелистер поразен и во Брест, Мешков патува во Задар
СледноКратово слави: Силекс во супер – дербито на западот го победи Вардар! (ВИДЕО)