Елмас и Наполи ги оставија Пандев и Џенова со празни раце (ВИДЕО)

238

Екипата на Наполи успеа да слави со конечни 1:2, на гостувањето кај Џенова и на на тој начин да стигне до шестиот бод сезонава, и втората воедно победа.

За нас секако овој меч беше исклучително интересен со оглед на фактот што заиграа и Елис Елмас од стартните единаесет на Наполи, додека пак Горан Пандев влезе како џокер од клупата.

Секако, што се појави на теренот, веднаш играта на Џенова доби на значење, а Гранде не би бил Гранде ако веднаш не влезе во шанса и не погоди. Сепак,неговиот гол на половина час до крајот го поништи ВАР поради прекршок, и го остави резултат 0:1 за гостите.

Сепак, израмнувањето дојде во 69. минута преку Камбиасо, но домашните не се израдуваа на бод на овој меч. Петања во самиот финиш погоди за ново водство на Наполи, овојпат и за конечен триумф.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Брегалница слави, фудбалски Штип во еуфорија!
СледноДинамо сигурен на дербито во Осијек