Зборуваше против вакцините па го исфрлија од УС Опен

643

Францускиот тенисер Жил Симон се спремаше за еден од своите последни Грен слем турнири, УС Опен меѓутоа нема да учествува. 36-годишниот тенисер доби забрана да игра од страна на организаторот на турнирот.

Веројатно ова е мојот последен УС Опен“, изави Симон за „Екип“ по одлуката на организаторот.

Инаку пред почетокот на турнирот Французинот зборуваше на темата за вакцинација против коронавирусот. Неговиот тренер Етиен Лафорж доби позитивен тест на коронавирусот Ковид-19, а според правилата Симон не може да игра иако неговиот тест е негативен.

Едноставно, не сакав да се вакцинирам. Не се плашам од коронавирусот. Мојата филозофија е – ако се плашиш, вакцинирај се, во спротивно немој. Тоа е мојот став“, изјави Симон.

А организаторот на УС Опен соопшти дека само вакцинираните навивачи можат да присуствуваат на натпреварите. Ова е спротивно на претходната објава дека на тениските натпревари гледачите ќе можат да присуствуваат без потврда за вакцинација и без маски, но се чини порастот на бројот на заболени од коронавирус во САД донесе и промена на правилата.

 

 

ПретходноТотенхем и третпат победи со 1:0, Лидс Ј. извади реми кај Барнли (ВИДЕО)
СледноНе се случи чудо: Е.Пелистер поразен и во Брест, Мешков патува во Задар