Уште една дилема е разрешена. Кристијано Роналдо сезонава ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед со бр.7. И тоа по заслуга на Единсон Кавани, кој не правеше никакви проблеми и му ја препушти на Португалецот бројката по која Роналдо е познат, па и кога играше за Јунајтед во првиот мандат што се вели.
Медиумите во Англија и пред се фановите на Јунајтед се воодушевени од овој потег на Кавани.