Канатларовски ги поведе младите (ВИДЕО)

505

Македонскиот национален тим до 21. година на чело со новиот селектор Драган Канатларовски Цапар денеска го има собирот по повод квалификациските дуели од новиот циклус, против Франција на гостински терен односно против Србија во Охрид, на 2. и 7. септември.

Нашиот национален тим има за задача да ги освои стартните бодови, кои ќе бидат многу значајни за овој циклус да се одработи како што треба.

Попладнево, на комплексот Петар Милошевски се одработува и првиот тренинг на кој репрезентативците и селекторот имаа идеални услови за работа.

За жал, некомплетни, поради одсуствата на Хајдари, Младеновски, Рустемоски, и последно од денеска и Тодоровски но со многу желба и верба во себе од оние кои се тука дека ќе изгинат во дресот со националниот грб на мечевите кои претстојат.

 

ПретходноВМФЛ- ЗАПАД: Воска Спорт и против Кораби убедлива…
СледноВМФЛ – ИСТОК: “Кикс“ на Беласица, Кит Го го “торпедираше“ Детонит…