Силекс – Вардар 2:1. Тоа е епилогот од супер – дербито во ВМФЛ -ЗАПАД, во меч од 2. коло сезонава. Некогаш овие два клуба играа за титули во мак – фудбалот, а сега се „тепаат“ во Втора лига. Како и да е, попладнево во Кратово момците на стратегот Горазд Михаилов го победија Вардар и освоија големи, големи три бода во битката за првото место.
Тоа беше интересен дуел, во кој Силекс за само две минути, во 22. и 24.минута, со головите на Манасиевски и Алиу поведе со 2:0. Вардар во вториот дел како да беше поактивен, па така во 71.минута, Дејан Блажевски успеа да намали на 2:1.
Тој резултат на крајот се испостави дека е конечен.
Силекс по првите две кола има шест бода, додека вардарци само еден.