Марка: Халанд се качи во авион, ПСЖ го купува?

1207

Пред крајот на летниот преоден рок е вистинска „лудница“, европските медиуми го следат секоја чекор на фудбалерите, а на шпекулациите им нема крај.

Една ваква вест доаѓа од „Марка“, која тврди дека Ерлинг Халанд тргнал кон Париз да се договори со ПСЖ. Норвешкиот фудбалер објави фотографија од авион, доволно да ги „подгрее“ шпекулациите. Според „Марка“ тој може да влезе во ѕвезденото друштво на Меси, Рамос, Нејмар…

Со него ПСЖ ќе направи уште подобар тим и во случај да замине Мбапе.

ПретходноПо мечот во Маџари исклучени биле тренерот на „пиратите“ Марковски и Најдоски!
СледноНов трофеј за Кирил Лазаров и Нант