Мбапе со објава на Инстаграм ги разочара навивачите на Реал

1478

Килијан Мбапе има договор со ПСЖ на уште една сезона и неколку пати до сега одби нова соработка со клубот.

Токму поради ова со месеци се шпекулира дека ќе го напушти Париз, а во претходните денови шпанските медиуми објавија дека ќе го облече дресот на Реал Мадрид. ПСЖ за него бара 180 милиони евра, не сака следното лето да замине без обештетување.

Шпанска „Марка“ објави дека овој викенд целата работа ќе биде завршена, но се договорот не е близу до крајот како што многумина веруваа.

Мбапе вчера имаше разговор со спортскиот директор, Леонардо, што пак ги разочара фановите на Реал Мадрид. Ладниот туш дојде неколку часа по завршување на тренингот, која младиот фудбалер на својот „Инстаграм“ објави фотографија со Меси.

Фановите на ПСЖ го сфатија како потврда дека ќе остане, но дали ќе биде така останува да видиме.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)

ПретходноМлад руски голман починал на терен, лекарите еден час се обидувале да го спасат
СледноПо мечот во Маџари исклучени биле тренерот на „пиратите“ Марковски и Најдоски!