Со измената во која го замени Нејмар, Лионел Меси официјално дебитираше за тимот на ПСЖ во триумфот на неговиот тим на гостински терен кај Ремс од конечни 0:2.
Парижаните веќе го имаа обезбедено водството, пред Меси да влезе во игра во 66. минута преку двата гола на Килијан Мбапе.
Светот беше во исчекување на овој момент, а сега ќе се чека неговиот прв волебен потег, гол, асистенција или некаква Меси магија во негов стил.
Historia #Messi pic.twitter.com/czjlQ3nVdS
— Alexander Francisco (@alex__francisco) August 29, 2021