Македонската фудбалска репрезентација на чело со новиот селектор Благоја Милевски вечерва и официјално ја стартуваше квалификациската мисија со работен наслов, „Ерменија, Исланд и Романија“.
Репрезентативците еден по еден пристигнуваат во базата, дел од нив ќе се приклучат во текот на утрешниот ден, поради клупските обврски вечерва, а за утре е планиран и првиот официјален тренинг.
Од она што како информација треба да не израдува е фактот што туке е Бобан Николов, оној за кој најмногу стравувавме, затоа што неговиот првичен ковид тест беше позитивен. Сепак, потоа при повторното тестирање Николов излезе негативен, и доби дозвола да се приклучи.