Францускиот пилот во Мото ГП, Фабио Квартараро е победик на Големата награда на Британија која денеска се возеше на Силверстоун. Тој ја запиша петтата победа оваа сезона и ја зголеми предноста во пласманот на возачите.
Квартараро на Јамаха вешто го извозе Британското ГП почнувајќи од третото место, па брзо го покажа сиот свој талент и успеа да се пробие до првата позиција.
„Ел Диабло“ заврши пред Алекс Ринс (Сузуки) и Алеиш Еспаргаро (Априлија) во финишот. За Еспаргаро ова беше прв подиум и за него и за Априлија во Мото ГП сезонава.