Кошаркарските судии во НБА-лигата ќе мора да се вакцинираат доколку сакаат да ја делат правдата на мечевите во новата сезона, објавија од најсилното светско клупско натпреварување.
Оваа одлука е донесена во соработка со синдикатот на судии со можност да биде направен исклучок за лицата кои од медицински или верски причини не можат да го сторат тоа.
Лигата ги задолжи и сите лица кои ќе бидат во контакт со играчите да се вакцинираат, ова важи и за новинарите и фотографите. И натаму нема задолжителна одредба за играчите, во моментов се преговара со синдикатот на кошаркари за задолжително закцинирање.
НБА-лигата почнува на 19. октомври со мечот Милвоки – Бруклин.