Макс Верстапен е формално победник на патеката на Спа – Франкошамп за ГН на Белгија во Формула 1. Дождот кој постојано паѓаше едноставно не дозволи спектакл. Се чекаше околу четири часа, имаше и старт, но сепак на крајот се извозеа само два круга на поплавената патека.
Немаше претекнување, а правилата велат дека победникот, во овој случај Верстапен заработи 12,5 бодови, значи половина од можните. Ќе се запише дека втор беше Расел, а трет Хамилтон. И тие добиваат по половина бодови.
Веќе наредната недела ќе се вози трката за ГН на Холандија, значи Верстапен на домашен терен го дочекува Хамилтон во битката за титулата.