Сара Ристовска и ЦСКА Москва тргнаа со победа во новата сезона во рускиот шампионат. На домашен терен тимот на македонската репрезентативка ја совлада Астраханочка со 28:23.
Ристовска одигра добар натпревар, постигна четири погодоци од шест обиди, беше трет стрелец во својот тим. Прво име беше Горшкова со шест гола
ЦСКА доминираше на оваа средба, во првото полувреме имаше позитива од три гола 14-11, во продолжение без проблем ја одржуваше предноста за победнички старт.