Натпреварот почнува во 18:30 часот
Денеска ќе се одиграат четири натпревари од 2. коло на Серија А, а најинтересниот ќе се одигра на „Луиџи Ферарис“ каде Џенова и Горан Пандев ќе бидат домаќини на Наполи и Елиф Елмас.
Пандев го продолжи договорот со Џенова на уште една сезона, а тој го играше мечот со Интер во 1. коло и неговиот клуб неславно помина на „Меаца“ (пораз од 4:0).
Елмас постигна гол во победата на Наполи против Венеција со 2:0
Минатата сезона Џенова славеше со 2:1 на свој терен, а на тој меч Пандев ги здрви Неаполитанците со два гола. Елмас беше во составот на гостите.
На „Сан Паоло“ Наполи славеше со 6:0, а и тогаш и Елмас и Пандев беа на теренот за своите екипи.