У21: И Димитар Тодоровски позитивен на Ковид-19

433

По Марио Младеновски и Адријан Хајдари уште еден фудбалер на малдата репрезентација до 21 година е позитивен на Ковид-19. По последните тестирања, Димитар Тодоровски (Работнички) имал позитивен ПЦР тест и тој дефинитивно ќе отпадне од комбинација за првиот меч со Франција (2 септември) во квалификациите за ЕП 2023.

Селекторот Драган Канатларовски има доста главоболки со откажувањата, затоа што покрај оваа тројка која е позитивна на Ковид-19, од комбинација за првиот дуел со Французите отпадна и Анел Рустемовски кој се повредил.

Засега нема најава за дополнително повикани фудбалери во малдинскиот национален тим, кој денеска го имаше првиот собир во Скопје.

ПретходноМОТО ГП: Квартараро е победник на Британското ГП
СледноЈаневски кандидат за тренерското место во кипарски АПОЕЛ