Кој кажа дека Брегалница не знае да победува? Знае, и тоа како. И тоа со гол во последните секунди од мечот. Така беше вчера против А. Пандев, тим кој пред да почне средбата во Штип беше лидер на табелата. Струмичани двапати водеа, но на крајот Марјан Алтипармаковски стрелаше за 3:2, за прва победа на “сините“ оваа сезона.
Инаку момците на стратегот Марјан Секуловски во изминатите пет кола играа со и со Шкендија, Шкупи, А. Пандев, но сепак од никого не загубија. Па така заедно со Струга ТЛ се единствените во елитата кои немаат пораз досега.
На крај по мечот се знае, фудбалерите се радуваа, а повеќе од 2.000 гледачи на стадионот под Исарот беа во еуфорија.
ФОТО: Fk Bregalnica facebook