Новиот селектор на репрезентацијата до 21 година Драган Канатларовски изврши прозивка на фудбалерите на кои смета за квалификациските дуели со Франција и со Србија на домашен терен.
Од првиот список не се тука Адриан Хајдари и Марио Младеновски поради тоа што се позитивни на Ковид-19, а како нивни замени се повикани Александар Ѓурковски и Георгие Јанкулов. Сите што дојдоа ќе бидат тестирани на коронавирус, а за денеска во 18 часот е закажан тренинг.