Кипарските медиуми денеска шпекулираат со името на нашиот фуидбалски стручњак Чеде Јаневски како еден од најсериозните кандидати за преземање на еден од најдобрите фудбалски клубови од оваа земја, АПОЕЛ.
Јаневски е едно од имињата за кои веќе неколку дена се пишува на Кипар, но како што велат тамошните медиуми, тој денеска изби на листата на потенцијални кандидати и е еден од фаворите.
Негови „противкандидати“ за тренерската позиција во АПОЕЛ се и Густаво Појет, Кристенсен и најновото име, Диего Лопез, Уругваец кој до пред извесно време беше тренер на чилеански Коло Коло.