Љафтов и Милев едногласни: Одиме на победа за Македонија

911

Финска е асоцијација за најубавото и за најнепријатното спортско чувство за македонските одбојкари. Секој од нив вечноќе ја памети премиерата во елитното друштво, но и поразот во Љубљана по којшто не го добивме играчки заслуженото осминафинале на Европското првенство пред две години. Оттогаш досега нема големи промени, кај нас се истите играчи со нов селектор, кај нив Анти Силтала отстапи место за помладите примачи. Значи, актерите се исти, но филмот е друг. Во среда во Тампере против Финците ќе играме за да го промениме резултатот.

„Се надевам дека сега ќе биде обратно, дека ќе победиме и ќе влеземе уште помотивирано во наредните натпревари“,вели македонскиот репрезентативец Владо Милев.

За желбите и за мотивите нема потреба да се разговара, а нијансите во играта се непресушен извор за одговори на прашањата кој, што, кога, како… Искуството вели дека најпрво битката се добива во сопствените мисли, нема потреба да создаваме дополнителен притисок, напротив, тоа треба да го прават Финците коишто пред себе имаат големи цели. Ние мислиме само на тоа како в среда да бидеме свои.

„Поминавме долг период заедно, уште од Европската лига каде не бевме во вистинско светло, но ова е друг терен, помотивирани сме. Ова е Европско првенство и не смееме да дозволуваме лесни грешки, противниците тоа ќе го казнат поефикасно. Мислам дека сме подоготвени и дека в среда натпреварот ќе заврши како што посакуваме, а тоа е победа за Македонија“, вели Александар Љафтов

Македонските одбојкари денеска одржаа релаксирачки тренинг. За нив ниту Финска, ниту престижниот настан не се непозната територија. Завршната подготовка главно ќе биде за да се расчленат најситните детали, затоа што совршено е јасно дека само една извлечена топка, пасивен блок за контра или проценка на насоката на противничкиот напад, може да биде клучната разлика.

„Мислам дека сме во добра форма, дека ќе годадеме максимумот и дека ќе отвориме со победа над Финска“,е заклучокот на Милев.

Преносите ќе бидат на Македонската телевизија, од први до осми, од сите 15 натпревари од групата „Ц“ во Тампере. Во неа се и Холандија,Турција, Шпанија и Русија

ПретходноПо четири часа чекање: Верстапен прв на ГН на Белгија по само два извозени круга!
СледноВо очекување на Роналдо: Јунајтед славеше на гости кај “волците“