Во сенка на супер – дербито во Кратово, во кое Силекс го победи Вардар со 2:1, се играше интересен фудбал и на другите мечеви. Воска Спорт и против Кораби ја оправда улога на фаворит. Момците на тренерот Раде Цицмиловиќ славеа со 3:1. Алии и Емини во првиот дел донеса водство од 2:0. Во 73.минута Фета зголеми на 3:0, за да Мурати во финишот го постави конечните 3:1. Супер старт на Воска Спорт, два меча, две победи, шест бода и гол разлика 7:1.
Беса со 2:0 го победи Тетекс, а головите беа дело на Азири и Реџепи. Кадино го победи Охрид со 2:1, иако гостите имаа водство од 1:0.
Велешта и Гостивар одиграа без победник, 2:2.
РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО
СИЛЕКС – ВАРДАР 2:1
ВОСКА СПОРТ – КОРАБИ 3:1
ВЕЛЕШТА – ГОСТИВАР 2:2
БЕСА – ТЕТЕКС 2:0
КАДИНО – ОХРИД 2:1