Кирил Лазаров и Нант продолжуваат со одлични игри за време на подготвителниот период. По освојувањето на турнирот во Баскија, францускиот тим го освои и претсезонскиот турнир во Гаја (Португалија).
Предводникот на нашиот најдобар национален тим и капитен, и неговите соиграчи беа подобри од Порто на Никола Митревски со 39:32 (16:16) и против АЕК Атина со 29:23 (17:12).
Идниот викенд екипата на Нант ќе учествува на турнир во Лимож, каде покрај домаќинот, ќе играат и француските прволигаши Ним и Монпелје.
ФОТО: Нант/Marco Barbosa