По одлуката на УЕФА: Во Скопје ќе има ВАР за дуелите со Ерменија и Романија

238

Според одлуката на Извршниот комитет на УЕФА, ВАР системот ќе се користи од четвртото коло во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2022 на сите натпревари. Тоа значи дека на следните три квалификациски меча на Македонија во септемврискиот циклус ќе има и ВАР.

Во Скопје веќе в понеделник доаѓа компанијата која ќе го инсталира системот на Националната Арена и кој ќе се користи на дуелите со Ерменија (2 септември) и против Романија (8 септември). ВАР секако ќе има и на мечот со Исланѓаните кој го играме во Рејкјавик на 5 септември.

ПретходноЈаневски кандидат за тренерското место во кипарски АПОЕЛ
СледноТотенхем и третпат победи со 1:0, Лидс Ј. извади реми кај Барнли (ВИДЕО)