СЕРИЈА А: Пандев го чека Елмас во дербито на денот

164

Натпреварот почнува во 18:30 часот

Денеска ќе се одиграат четири натпревари од 2. коло на Серија А, а најинтересниот ќе се одигра на „Луиџи Ферарис“ каде Џенова и Горан Пандев ќе бидат домаќини на Наполи и Елиф Елмас.

Пандев го продолжи договорот со Џенова на уште една сезона, а тој го играше мечот со Интер во 1. коло и неговиот клуб неславно помина на „Меаца“ (пораз од 4:0).

Елмас постигна гол во победата на Наполи против Венеција со 2:0

Минатата сезона Џенова славеше со 2:1 на свој терен, а на тој меч Пандев ги здрви Неаполитанците со два гола. Елмас беше во составот на гостите.

На „Сан Паоло“ Наполи славеше со 6:0, а и тогаш и Елмас и Пандев беа на теренот за своите екипи.

 

ПретходноМилевски: Имаме амбициозни и талентирани фудбалери, а и енергија и мотив да играме квалитетно
СледноВилијан раскина со Арсенал и се враќа во Бразил