Штета. Горан Пандев влезе на полувреме на мечот меѓу Џенова и Наполи, и постигна гол во 54.минута. Во тие моменти резултатот беше 0:1 за гостите. Македонецот не се радуваше на голот против својот некогашен клуб. Но, сепак немаше гол, ВАР одлучи дека претходно имало прекршок врз голманот на Наполи.
За гостите од стартот на мечот игра Елиф Елмас.