Атлетико синоќа се спаси со смешен автогол на гостите (ВИДЕО)

284
Екипата на Атлетико Мадрид синоќа беше пред пораз на домашен терен од Виљареал во рамките од третото коло во шпанската Примера. Се играше петтата минута од продолжението кога една рутинска дефанзивна интервенција на Манди се претвори во еден од најсмешните автоголови во последно време. Тој се измами себеси, го измами голманот, и си постигна автогол со глава од преку даесет и пет метри. Атлетико спаси бод, мечот заврши 2:2, а Виљареал загуби два драгоцени поени.
ПретходноБалардини: Голот на Пандев е регуларен
СледноЕрменија денеска доаѓа во Скопје, тука им се приклучува и Мхитарјан