Кудуз: Вујовиќ сака „фајтери“, многу е незгоден кога ќе се налути

324

Анте Кудуз одигра феноменален меч против ППД Загреб во првата четвртфинална пресметка за место на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Во триумфот од четири гола разлика, хрватскиот ракометар постигна седум погодоци, исто толку и Тимур Дибиров.

Тој е задоволен од животот во нашиот главен град.

„Среќен сум во Скопје. Не ми требаше многу време за да се прилагодам, луѓето се добри, немам никакви пречки во ниту еден поглед“, изјави Кудуз за „Спортске Новости“.

Иако Вардра 1961 го доби првиот меч против ППД Загреб, Кудуз смета дека далеку од се онаа форма која посакуваат да ја имаат оваа сезона.

„Против Задар на крајот излезе добро, но не би рекол дека сме близу до формата која ја посакуваме. Мислам дека и ние, и Задар не сме на нивото кое е наша цел. Сето ова е нормално бидејќи имаше бројни промени во составите. Тимот е нов, се запознаваме, го бараме најдоброто. 

Што се однесува до Вујовиќ, можам да кажам дека е најдобар тренер со кого имам работена до сега. Има жесток темперамент, би рекол близу до мојот, па можеби затоа брзо се најдовме. Тој сака „фајтери“, а јас сум таков. Доста е незгоден кога ќе се налути, но тоа го прави за доброто на тимот. Кога дојдов ми кажа: Ти си единствениот наш вистински шутер и од тебе барам тоа да бидеш секој меч. Поконкретно: Земи залет и пукај да гори, не сакам да бидеш мекуш. И сето ова сега добро тргна, не се сомневам дека вака ќе остане“, рече Кудуз.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноЧелзи не чека повеќе за Кунде
СледноЕвертон го носи Саломон Рондон