Потегот на Гвардиола: Крилото го стави шпиц, а шпицот крило – следуваше „петарда“

1331

Манчестер Сити го совлада тимот на Арсенал со 5:0 во третото коло од Премиерлигата. Сите зборуваат за лошата форма на „топџиите“, но и за изненадувањето кое Пеп Гвардиола го сервираше на овој натпревар. А тоа е дека ги „измеша картите“ во врска со нападот.

Така Габриел Жесус од класичен шпиц го премести на деснокрилната позиција, а во нападот го уфрли деснокрилниот играч Феран Торес. И тоа му успеа – Торес постигна два, Жесус еден гол. Полн погодок на Пеп кој во својата кариера често ги менува позициите на играчите, па е добро познато на пример додека беше во Баерн дека Кимих од десен бек, го направи играч за врска, како и Алаба од лево крило, често го играше или како бек, или како последен играч за врска.

 

 

ПретходноСилва: Мене ми рекоа дека сум престар, a го потпишаа Рамос
СледноЈаневски прв фаворит за АПОЕЛ, го делат само детали од потпис!