Одбранбениот фудбалер на Порто, Шансел Мбемба може да се пресели во редовите на Реал Мадрид во финишот на преодниот рок, пренесува „Фут меркато“. Порто за капитенот на ДР Конго бара 8 милиони евра што е прифатлива цена за „кралевите“ кои би ја зацврстиле одбраната по заминувањата на Варан и Рамос.
Од друга страна „Екип“ тврди дека и Лион е заинтересиран за Мбемба и ќе се обиде да го донесе до утре.
Мбемба играше во младите категории на Андерлехт, потоа и во сениорите на оваа екипа, три сезони играше во Њукасл, а од 2018 година е во Порто. Да потсетиме дека португалскиот клуб го купи репрезентативецот на Конго од Њукасл за околу 10 милиони евра.