Тимот на Лос Анџелес Лејкерс се обидува да се засили што е можно подобро за следната сезона како повторно би бил претендент за титулата, а во таа потрага по нови имиња уште еднаш за краток период се дојде до Ражон Рондо.
Плејот беше дел од Лејкерси во периодот од 2018 до 2020, кога освои и титула, но потоа замина за Клиперси. Тие пак го испратија во Мемфис, но Рондо таму не сака да игра па Лејкерси повторно се во игра.
Оваа информација ја потврдија неколку медиуми во САД, а штом е така, многу веројатно и истата ќе стане реалност.