Колумбискиот фудбалер Хамес Родригес, е на пат кон Милано, и во следните часови ќе треба да го засили тимот на Милан, јавува „ЕСПН“ (И-Ес-Пи-Ен).
Родригес е член на Реал Мадрид, но откако е јасно дека на него не сметаат „кралевите“, се подготвени да го продадат да заработат нешто.
Колумбиецот минатата сезона беше дел од Евертон, и сега е во потрага на нова средина. Иако се чинеше дека Анчелоти ќе смета на него, сепак, тоа не се случува, па Родригес сега е на добар пат да отиде во Милан.