Тимот на Виљареал може да жали што по ова коло нема уште два бода на своето конто. На гостувањето кај Атлетико Мадрид предмалку прими гол во петтата минута од продолжението за конечни 2:2.
Гостите на овој меч на два пати имаа водсто преку Тригероа односно Данџума, но најпрво Суарез, а потоа и автоголот на Менди им донесе на домашните злато вреден бод.
Со ова Атлетико е петти на табелата со седум бода од три меча, додека пак Виљареал има три ремија досега.