Екипата на Атлетико Мадрид синоќа беше пред пораз на домашен терен од Виљареал во рамките од третото коло во шпанската Примера. Се играше петтата минута од продолжението кога една рутинска дефанзивна интервенција на Манди се претвори во еден од најсмешните автоголови во последно време. Тој се измами себеси, го измами голманот, и си постигна автогол со глава од преку даесет и пет метри. Атлетико спаси бод, мечот заврши 2:2, а Виљареал загуби два драгоцени поени.