Балардини: Голот на Пандев е регуларен

700

Тимот на Џенова, на чело со Горан Пандев синоќа загуби на домашен терен од Наполи на Елиф Елмас во рамките од второто коло во Серија А. Конечниот резултат гласи 1:2, но истиот можеше да биде поинаков доколку голот кој Пандев го постигна на средината на второто полувреме беше признаен односно истиот не беше поништен од страна на ВАР, поради прекршок.

Тренерот на домашните Давиде Балардини резигниран по натпреварот истакна дека ова бепе клучниот момент на овој меч и дека голот на Пандев е регуларен и не требало да биде поништен.

„Нашата игра по лошиот старт на мечот ми се допадна. Добро реагиравме, и таква екипа сакам да видам на терен. Судијата погреши, голот на Пандев е регуларен. Дел од играчите на Наполи се смееја на одлуката на судиите“  – изјави Балардини.

ПретходноРајковиќ јуниор се сликаше со Меси (ВИДЕО)
СледноАтлетико синоќа се спаси со смешен автогол на гостите (ВИДЕО)